Rimac C_Two

Хрватска гордост од светски рамки

Со причина, Хрватите беа посебно горди на годинешното издание на автомобилската Женева
Објавено на 7 март 2018 година

Со фантастичните звуци на 2Cellos, Rimac Automobili го претставија својот нов суперавтомобил. За разлика од претходникот, тој го нема зборот Concept во ознаката. Тоа навестува дека развојниот пат на идејата на хрватскиот иноватор Мате Римац се ближи кон своето финале. Ова е потврдено и со спецификациите на електричното ремек-дело. Иако наликува на претходниот Concept_One, Римац тврди дека новиот модел е развиен од нула. Преземена е само идејата за креирање врвен автомобил кој ги предизвикува границите на крајните можности. Затоа и неверојатно звучи што оваа еколошка ракета како што ја нарекоа хрватските медиуми има дури 1.914 коњски сили и забрзува до сто километри на час за 1,97 секунди. Во тоа тежината од масивни 1.950 килограми воопшто не му пречи. Максималната брзина му изнесува теоретски 412 километри на час, а со батериите од 120 киловат-часа може да помине 650 километри. Опремен е со осум камери, шест обични и два ласерски радари и 12 ултрасонични сензори кои му обезбедуваат автономија од четврти степен. Влегувањето и стартувањето е без клуч - за тоа се грижи системот за препознавање. Тој го чувствува и расположението на возачот, според кое предложува еден од шесте режими на возење.

Rimac C_Two ќе биде хомологиран за сите светски пазари. Планирано е да се произведе во 150 примероци, секој по цена меѓу милион и половина и два милиона евра. Во Женева се слушна дека електричната технологија на Rimac Automobili се наоѓа уште во барем четири автомобили изложени на салонот, но тој факт остана скриен како деловна тајна.


Rimac C_Two

клучни зборови: новитети, Rimac C_Two

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии