Хартиените билети заминуваат во историјата

Системите за автоматска локација на автобусите и електронска наплата на билети веќе се инсталираат во возилата на ЈСП
Објавено на 8 април 2015 година

 JSP

За некој месец градските автобуси во Скопје ќе добијат електронски систем за наплата - уредите за тоа веќе се инсталираат во возилата на ЈСП, а наскоро и во приватните. Сите автобуси исто така ќе имаат систем за автоматска локација со кој електронски ќе се следи нивното движење. Со оваа модернизација граѓаните на Скопје ќе добијат побрз и поквалитетен градски превоз. Електронското лоцирање на возилата ќе овозможи од едно место - контролен центар да се следат автобусите во реално време, да се контролира дали се запазуваат пропишаните возни редови, како и да се интервенира со благовремени корекции во нивното движење со цел намалување на времето на чекање согласно моменталните состојби во сообраќајот на градските улици.

Електронскиот систем за наплата пак ќе даде реална слика за бројот на превезените патници по категории, а исто така ќе овозможи воведување нов тарифен систем, односно нови типови на билети, како што се билет за преседнување од еден автобус во друг, односно од една линија на друга, билет со ограничено времетраење, зонски билет, дневен, неделен или викенд билет и друго. На почетокот на примената на новиот систем ќе биде задржана сегашното тарифирање, но во иднина постепено ќе се премине на нов тарифен систем. Ќе постојат три типа билети, односно електронски картички - припејд билет, персонализиран билет со фотографија и лични податоци, а третиот тип ќе бидат службени легитимации. Освен со ваквите смарт картички, плаќањето на возењето ќе може да се изврши и со мобилен телефон, во готово и со кредитна картичка. На располагање на граѓаните ќе им бидат 61 место за надополнување и продажба на картички, вклучително и три автомати за издавање и дополнување на картичките.

 JSP

Во делот на информирањето, патниците ќе имаат навремени информации поврзани со патувањето и тоа за: тековната и следната постојка, како и некои други битни информации во врска со превозот (прекин на одредена линија и слично). Исто така, на автобуските стојалишта ќе има над 50 информациони дисплеи за пристигнување на автобусите, ќе постои можност за испраќање СМС порака преку која патникот ќе добива информација за неколку следни пристигнувања на автобус на бараната линија, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, а ќе биде на располагање и планер на патување кој ќе го дава најкраткиот и најбрзиот пат помеѓу две места во градот со користење на јавниот превоз.

Системите за автоматска локација и електронска наплата ќе бидат инсталиран во 500 автобуси, од кои 384 автобуси на ЈСП Скопје, а 116 на приватните превозници, така што патниците еден билет ќе можат да користат за возење во сите автобуси. Средствата од продажбата на билети ќе ги собира градот, а на превозниците ќе им ги префрла по поминат километар. За реализација на овој проект кој се очекува да почне да функционира во септември градот Скопје издвои околу 3 милиони евра. Во моментов опремата веќе е инсталирана на 200 од 384 автобуси на ЈСП, а во преостанатите се очекува да биде инсталирана до крајот на мај. Во пробна работа на системот ќе се пушти во текот на јули и август.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии