Годинава 270 милиони евра за патишта

Објавено на 31 јануари 2018 година

Според програмата за модернизација на патната мрежа во Македонија, годинава е планирано инвестирање на околу 270 милиони евра во изградба, реконструкција и рехабилитација на преку 60 патни правци или 800 километри патна мрежа во државата. На поголем дел од нив веќе се работи, а меѓу позначајните проекти се издвојуваат продолжувањето на изградбата на автопатиштата Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип, како рехабилитацијата на делниците Неготино-Демир Капија и Петровец-Катланово. Ќе бидат реконструирани и автопатските делници Миладиновци-Петровец, Хиподром-Петровец и Миладиновци-Хиподром, а таму каде нема ќе бидат изградени нови наплатни станици. Треба да започне реализирањето и на електронски систем за наплата на патарините на коридорот 10. Од експресните патишта ќе се работи на Штип-Кочани, Штип-Радовиш, Ранковце-Крива Паланка и Градско-Прилеп од Фаришка до Дреновска клисура. Од другите бројни зафати вреди да се споменат уште и рехабилитациите на делниците Берово-Струмица, Куманово-Свети Николе и Делчево-Кочани, чија обиколница ќе се реконструира. На Валандовско брдо ќе биде направена бавна лента, а и патните правци од граничните премини кои водат до Скопје, Струга, Струмица и Битола ќе бидат обновени.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии