Претпазливост и оптимизам

Домаќин на AutoBest жирито при посетата на Руселсхајм беше новиот извршен директор на Opel Михаел Лохшелер. Пред да стане број еден тој ја извршуваше функцијата на финансов директор од септември 2012 година. Неговото назначување следеше по оставката на Др. Карл-Томас Нојман. Во текот на заедничките три часа, господинот Лохшелер одби да даде било каква изјава и нé замоли да почекаме да завршат првите сто дена на неговото „владеење“. Тој е оптимист и убеден е дека Opel одлично ќе се вклопи во новата групација, но и дека има светла иднина. Неговата убеденост во новиот план, кој патем речено сé уште се подготвува за презентација и оценка кај новите сопственици, ќе придонесе да се промовира уште поголема автомобилска групација чии модели ќе бидат атрактивни, барани и погонувани со модерни и еколошки технологии.

 Новиот директор на Opel Михаел Лохшелер со членовите на AutoBest жирито

клучни зборови: ексклузивно, занимливости, Opel

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии