Германија ги забранува дизелите, но дали со тоа ќе се намали загадувањето?

Покрај сувото гори и суровото, рекол нашиот народ, но кога горат и едното и другото испуштаат штетни материи во воздухот
Објавено на 28 февруари 2018 година

Одлуката на германските судски инстанци да го прогласат за легално забранувањето на сообраќајот на дизел возила во градовите ја подели јавноста. Секој има свои аргументи за и против, но сите се согласуваат дека тоа е само дел од проблемот и неговото решение. Долгорочно гледано одлуката на Германците ќе има силно влијание на иднината на дизел возилата, но намалената побарувачка за нив придонесе за еден друг проблем поврзан со загадувањето на околината. Имено, според анализите на пазарот за прв пат по 14 години се зголеми просечната емисија на јагленород диоксид на новите автомобили. Неспорно е дека дизел моторите загадуваат, но тоа го прават со цврстите честички и азотните оксиди. Во споредба со бензинците тие се супериорни во поглед на емисиите на јагленород диоксид, кој е одговорен за глобалното затоплување на планетата. Како таков, тој е единствениот загадувач што се наоѓа во фокусот на високата политика бидејќи влијае на целиот свет. Останатите штетни материи во издувните гасови имаат локално влијание и засега се грижа само на градовите што имаат проблем со загадувањето. Но кога е во прашање јагленород диоксидот, намалената побарувачка за дизел возилата делува контрапродуктивно. Бркајќи ги дизелите од градските улици, атмосферата ќе се исчисти од еден а ќе се збогати со друг загадувач. Така целата оваа приказна потсетува на народната „Покрај сувото гори и суровото“, со наша забелешка дека кога горат и едното и другото испуштаат штетни материи во воздухот.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 39

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 63,50
биодизел Б6 64,00
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии