Формула Е, втора генерација

36 трки, 20 возачи, 13 градови, 10 тима, 5 континенти и само еден електричен болид чија втора генерација е подготвена
Објавено на 16 февруари 2018 година

Во пресрет на женевскиот салон каде ќе биде претставена, FIA ја најави втората генерација на електричниот Формула Е болид. Демонстрирајќи ја константната еволуција на батериските системи, тој треба да располага со двојно повеќе енергија и да има двојно поголема автономија. Со тоа ќе нема потреба од замена на болидите среде трка како што е сега. Техничките спецификации не се објавени, но е навестено дека трките со него ќе биде побрзи. Болидите од Формула Е шампионатот чија петта сезона ќе започне наесен се први во историјата направени според спецификации на FIA како регулаторно тело. Производството на клучните компоненти е доверено на познати имиња од светот на технологиите. Учествуваат десет тима, а сите трки се возат во урбана средина.

 

Видео

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, видео

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 39

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 63,50
биодизел Б6 64,00
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии