Mondeo ја освои македонската титула

Новиот модел на Ford стана автомобил на годината во Македонија
Објавено на 5 февруари 2015 година

 Ford Mondeo

Во конкуренција на шест финалисти, Ford Mondeo доби највисоки оценки од страна на националното жири и ја освои јубилејната дваесетта титула „Автомобил на годината“ во Македонија. Според предвидените критериуми и начинот на гласање, новиот Mondeo освои три гласа од членовите на жирито, кое во завршната фаза одлучуваше уште и за Mercedes C класа, Nissan Qashqai, Toyota Aygo, Renault Twingo и Volkswagen Passat. Новата генерација на јапонскиот кросовер и лимузината од Волфсбург импресионираа по еден член на жирито, а на нивните гласови за прв пат годинава се додаде и мислењето на јавноста, кое гласајќи он-лајн за свој фаворит го издвои Passat. Покрај титулата, националното жири годинава одлучи на Mitsubishi Outlander PHEV да му додели специјално признание за промовирањето на својата напредна електрична технологија на нашиот пазар.

Mondeo е прв модел од марката со син овал што ја добива титулата „Автомобил на годината“ во Македонија. Досега тоа им успеа по три пати на Opel и Seat, по два пати на Fiat, Škoda, Mazda, Kia и Volkswagen и по еднаш на Renault, Toyota и Hyundai.

 Mitsubishi Outlander PHEV

клучни зборови: Македонија, Ford, Mitsubishi

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии