Финале Македонија-Србија 0:1

Објавено на 28 февруари 2018 година

Македонија загуби инвестиција од Србија во областа на автоиндустријата - тврди Мате Римац, основачот на истоимениот хрватски производител на спортски електромобили. Тој вели дека д информацијата дошол на состанокот на управата на една голема германска автомобилска фирма на кој присуствувал. Таму слушнал дека Германците ја избрале Србија како локација за својата фабрика на електрични погонски системи, која ќе има капацитет за стотина илјади единици годишно. Тој не открива за која компанија се работи, но споменува дека произведува премиум автомобили. Во нејзин избор за локацијата за градба на новата фабрика биле 15 земји, меѓу кои во финалето останале Македонија и Србија, за на крај да биде одбран нашиот северен сосед благодарејќи на проактивноста на нивната влада. Шпекулациите за која компанија се работи засега ќе ги оставиме настрана.

клучни зборови: занимливости, Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 39

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 63,50
биодизел Б6 64,00
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии