Tesla Roadster

Falcon Heavy полета со Tesla Roadster во себе

Tesla Roadster отиде во вселената, но тука на земјата електричните возила на калифорнискиот производител се среќаваат со доста поприземни проблеми
Објавено на 7 февруари 2018 година

Сакајќи да ја докаже технолошката надмоќ на своите компании SpaceX и Tesla, Елон Маск со ракетата Falcon Heavy го испрати прототипот на новиот Roadster во вселената. Со своите 27 мотори, таа е најмоќната ракета во светот. Тежи 1.420 тони и има носивост од 64 тони, што е колку целосно оптоварен Boeing 737 сосе патници. Едно лансирање на Falcon Heavy чини 90 милиони долари. Но една консултантска компанија на Елон Маск му го честиташе успешното лансирање со несакани „честитки“ за квалитетот на калифорниските електрични возила. Имено, инженерите на Munro & Associates зедоа еден примерок на Model 3, го расклопија и проучија, по што за грешките што ги открија кратко заклучија дека „се видливи од Марс“. Долгото објаснување е проследено со долг список забелешки, сите со квалификации во стилот „воопшто не е јасно како нешто вакво може да излезе од погоните“ и слично.

клучни зборови: занимливости, Tesla

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии