Škoda Vision X

Енергетска комбинаторика

Со погон на бензин, природен гас и струја, новиот концепт на Škoda покажува како е енергетски да се биде независен
Објавено на 8 март 2018 година

Светската премиера на Škoda во Женева се разликуваше од другите. Во основа кросовер со субкомпактни габарити, во Vision X на иновативен начин се комбинирани погонски групи кои трошат различни горива - бензин, природен гас и струја. Моторот со внатрешно согорување е 1,5 литарски TSi, кој произведува 130 коњски сили. Хибридно е спарен е со стартер-генератор и ги задвижува тркалата на предната оска. За задните тркала е наменет електромотор кој се активира кога е потребна поголема сила, а може и сам да го задвижува возилото. Двата резервоара за компримиран природен гас и оној за бензин обезбедуваат автономија од 650 километри, со 25 отсто помали емисии на штетни гасови. Освен перформансите, од Škoda не објавија други детали за овој погонски концепт, но не пропуштија да кажат дека серискиот модел произлезен од него ќе се појави догодина но со класични погонски групи. Тој ќе биде третиот кросовер во понудата на чешкиот производител, за нијанса поголем од своите браќа Volkswagen T-Roc и Seat Arona.


Škoda Vision X

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Škoda

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 39

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 63,50
биодизел Б6 64,00
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии