Електрификацијата на возилата во Европа доведена под знак прашање

Некои работи не се гледаат на прв поглед, но кога ќе се видат навистина не се убави за гледање
Објавено на 9 октомври 2018 година

Заради можни проблеми со испорака на батерии од азиските производители, електрификацијата на возилата во Европа е доведена под знак прашање - така смета европската комисија која покрена иницијатива за здружување на европските компании и отворање на дури 10 до 20 големи фабрики за производство на батерии за електричните автомобили кои би можеле да покријат барем дел од европските потреби. Некои аналитичари одамна предупредуваа дека зависноста од азиските батерии ќе го закочи процесот на преоѓање на возилата од бензин на струја. Како причина се наведува првобитната незаинтересираност, дури и игнорантскиот став на европските производители кон електричните возила, за потоа сé одеднаш да тргне забрзано, што не остави простор за сериозна подготовка на целиот процес на производство. Со оглед на тоа дека до скоро (па дури и сега) практично никој во Европа не произведува батерии за електро-автомобилите, 
барем не во количини кои би биле приближно доволни, Европа дојде во ситуација идниот процес на електрификација на возилата да биде доведен под знак прашање. Веќе брзиот поглед на списокот производители на батерии укажува на сериозноста на ситуацијата - реално само Daimler има производствени капацитети за своите потреби. Другите се оставени или допрва да размислуваат за нивна изградба, или да зависат од не секогаш доверливите добавувачи од Азија.

За разлика од европските, кинеските компании реагираа побрзо - дел од нив веќе започнаа со реализација на плановите за отворање нови фабрики, како во Кина така и во Европа, а други го најавија истото. Реагираа и некои европски компании како шведската Northvolt, но најголем дел, посебно оние кои најмногу би биле погодени од ваква ситуација - производителите на возила, молчат. Причината е што ниту имаат искуство ниту пари во овој бизнис, па сакале или не мора да се поврзат со некој друг, што воопшто не им се допаѓа. Колку за информација, се споменува вложување во нови фабрики за производство на батерии во висина од барем 90 милијарди долари.

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе