Двајца Македонци истуркаа до Гинис

Служејќи се со она што најмногу го имаме - силата да истуркаме до невозможното, двајца Македонци стигнаа го Гинис
Објавено на 14 декември 2014 година

Ако Александар Македонски во своето време го предизвика светот, денешните негови истоименици, маратонците Александар Смилков и Александар Чекоров собраа смелост да го предизвикаат универзумот. Тие, со бодрење од целокупната македонска јавност, успешно го завршија 24-часовниот маратон туркајќи автомобил. Судиите се менуваа, возачите на 860-те килограми тешкото возило исто така, само Александар и Александар останаа упорни да истраат до крај следејќи ги бескрајните кругови во спортската сала Форца. А тие, редејќи се еден по друг, ги однесоа до рекордните височини препознатливи само за Гинис и неговите официјални следбеници, кои во наредните недели ќе имаат за задача да ги верификуваат поминатите 95 километри и 120 метри како нов светски рекорд.

Браво, момчиња!

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии