McLaren Senna GTR

Достоен за наследник на F1 GTR

Објавено на 13 март 2018 година

Автомобилот на McLaren направен во чест на Сена доби тркачка изведба. Веќе по агресивните каросериски додатоци и големото задно крило е јасно дека на инженерите во фокус им било постигнување што поголема сила на прилепување. Целта е постигната во голем стил - бројките велат дека McLaren Senna GTR создава аеродинамичен потисок од дури 1.000 килограми. Освен тоа добиен е и изглед на чистокрвен тркач, за кој во оваа фаза на развој е наменет истиот 4-литарски битурбо мотор со 825 коњи. Прашање е дали и ќе му требаат повеќе бидејќи со помош на бројните карбонски додатоци тежината е намалена на 1.200 килограми. Британците велат дека Senna GTR е најбрзиот McLaren надвор од формула 1 патеките. Дали е така ќе се уверат 75 купувачи кои ќе платат по милион и сто илјади евра за него.


McLaren Senna GTR

клучни зборови: новитети, McLaren Senna GTR

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии