Mazda SkyActiv-X

Дизел или бензин? А зошто не и двете?

Објавено на 30 јануари 2018 година

Производителите на возила сé почесто најавуваат исфрлање на дизелите и нивно заменување со електриката. Но не и Mazda која избра поинакво решение - јапонските инженери конструираа мотор наречен SkyActiv-X кој ги комбинира бензинскиот и дизел принцип на работа. Тој веќе од 2019-та треба да се најде во сите нивни автомобили. Иако користи бензин како погонско гориво, палењето на смесата кај него се врши со помош на компресија. Овој вид на работа овозможува користење на ултрасиромашна смеса од гориво и воздух, со што ефикасноста му е зголемена за 30%. Сé уште поседува свеќичка која ја фрла иницијалната искра, но согорувањето понатаму е исто како кај дизелите. Од нив ги има наследено и побрзото време на реакција и поголемиот вртежен момент. Обединувајќи ги предностите на двете технологии, овој мотор претставува вистинска револуција во погонската механика.

Видео

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината, видео, Mazda

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии