Денес започна салонот на автомобилите во Женева

Објавено на 7 март 2017 година

Првата европска смотра на автомобилската индустрија, салонот на автомобилите во Женева, денес ги пречека новинарите желни за свеж поглед во достигнатото и брз преглед на трендовите за иднина. Познат како единствен салон кој се одржува на „неутрална" територија, во земја која нема автомобилска индустрија, организаторите го развија овој концепт до повисоко ниво. Со построгите правила околу големината и изведбата на штандовите, како и нивното физичко сместување практично под еден ист покрив, тие создадоа услови во кои и големите, и помалите, и сосема непознатите производители на возила, дизајн студија и било какви изложувачи имаат рамноправен третман и еднакви шанси да се претстават на публиката. А таа доаѓа од цел свет, редовно и од Македонија - нашата екипа веќе е тука, на брегот на езерото Леман, подготвено пречекувајќи го стартот на 87-иот салон на автомобилите во Женева.

Очекувајте интересни вести!

клучни зборови: салони, Женева

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 35

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии