Citroen C3 Aircross AutoBest 2018

Новиот Citroën C3 Aircross ја освои титулата AutoBest 2018

• Ли Шуфу, основачот на Geely, е освојувач на MANBEST 2017 наградата
• Со COMPANYBEST 2017 е награден Jaguar Land Rover
• SPORTBEST 2017 отиде кај Фриц Енцингер, потпретседателот на Porsche LMP1
Објавено на 14 декември 2017 година

Citroën C3 Aircross е освојувач на AUTOBEST 2018 титулата за Best Buy Car of Europe 2018, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена. Со вкупно 1.423 бода, C3 Aircross се избори за првото место со комфорни 121 бод предност пред Opel Grandland X. Volkswagen T-Roc стана трет со вкупно 1.205 бода, а во финалното рангирање следат Seat Ibiza, Ford Fiesta и Honda Civic. Деталните резултати можат да се видат во Final Ranking секцијата на www.autobest.org.

„Задоволство ми е да ѝ честитам на Линда Џексон и нејзиниот менаџерски тим за освојувањето на AUTOBEST 2018 титулата. Пред ваква конкуренција C3 Aircross се покажа како шампион, убедувајќи ги членовите на жирито дека е вистинскиот избор за ова издание. Ова исто така е и нова победа за SUV моделите која уште еднаш ја докажува способноста на жирито не само да ги следи случувањата на пазарот, туку и да ги открие трендовите, давајќи им на европските потрошувачи вистински водич за купување автомобили што се погодни за утрешнината!“, рече Илиа Селиктар, претседателот на жирито.

„Во ретка ситуација во историјата на AUTOBEST, годинава имавме 6 нови модели кои се натпреваруваа за Best Buy Car of Europe титулата. Конкуренцијата беше жестока - сите 6 автомобили ги заслужуваат нашите честитки! Citroën C3 Aircross оствари значајна победа и стана европски шампион! Доаѓајќи од членовите на жирито на толку многу земји на нашиот континент, резултатот е релевантен на европско ниво. Тоа е исто така јасен резултат на новиот пат на Citroën базиран на храбри стратегии, нова гама и јасен идентитет на брендот “, изјави Дан Варди, основачот и претседател на AUTOBEST.

Ли Шуфу, Geely

MANBEST 2017 наградата се доделува на г-дин Ли Шуфу, основач и претседател на групацијата Geely Holding. Тргнувајќи од скромно кинеско село, претседателот Ли изгради импресивна автомобилска група, интегрирајќи брендови како Volvo Cars, Proton, Lotus, London Taxi и лансирајќи со брендот Lynk & Co еден револуционерен пристап во автомобилската индустрија. Неодамна тој го комплетираше преземањето на перспективната компанија за летачки автомобили Terrafugia. Г-дин Ли е одличен пример на визионер во автомобилската индустрија, докажувајќи дека некој може да успее имајќи вистинска стратегија и решеност.

COMPANYBEST 2017 наградата отиде кај Jaguar Land Rover. Taa претставува признание за неверојатниот пат на британската компанија под водство на д-р Ралф Шпет и неговиот менаџерски тим. Откако Tata Motors го презеде JLR, компанијата со голем успех воведе извонредни и глобално привлечни нови модели на Jaguar, Land Rover и Range Rover. Таа не само што направи пресврт на финансиски план, туку со остварената профитабилност по возило стана и репер во автомобилската индустрија. Последно, но не и најмалку важно, во овие сложени времиња предизвикани од Брегзит, JLR се покажа како најдобар британски корпоративен работодавец, потврдувајќи ја посветеноста на Велика Британија, зголемувајќи го бројот на вработени и континуирано инвестирајќи во истражувања и развој.

 Jaguar Land Rover, Ралф Шпет

Фриц Енцингер, потпретседател на Porsche LMP1, е освојувач на SPORTBEST 2017 наградата. Австриецот веќе беше доста почитуван менаџер во мотоспортот. Неговата кариера вклучуваше и титули во Формула 1 со Williams-BMW и Sauber-BMW, пред да биде повикан од Porsche да ја постави Le Mans Prototype програмата во 2011 година. Под негово водство е развиен хибридниот Porsche 919 кој во 2014-та дебитираше на светскиот шампионат за издржливост, освојувајќи ја финалната трка во Сао Паоло во својата прва сезона. Во следните WEC сезони Porsche доминираше со три победи на 24 часа Ле Ман - во 2015, 2016 и 2017 година, а во 2019-та стана севкупен победник на серијата. После 34-те трки на прототипот 919, Енцингер може да се гордее со 20-те пол-позиции, 17-те победи (од кои 7 двојни) и 6-те светски титули.

 Фриц Енцингер, Porsche LMP1

Годинава AUTOBEST жирито одлучи да не ја додели TECHNOBEST наградата. “Ова е втора година како членовите на жирито одлучуваат да не ја доделат најважната награда за традиционалните автомобилски технологии. Не можевме да видиме нови важни за напредокот технологии, што е знак дека автомобилската индустрија помалку инвестира во нив и се свртува кон IT секторот“, коментираше Дан Варди.

SMARTBEST, SAFETYBEST, DESIGNBEST и ECOBEST наградите веќе беа објавени после одржувањето на IAA салонот на автомобилите во Франкфурт (повеќе на www.autobest.org). 17-тата AUTOBEST Awards свеченост ќе се одржи на 7 февруари 2018 во Салцбург, Австрија. Следејќи ја традицијата, меѓународното AUTOBEST жири ги доделува наградите во различна земја секоја година. Претходниот AUTOBEST Gala настан се одржа во Лисабон, Португалија.

Европското AutoBest жири им се заблагодарува на читателите од цела Европа за поттикнувањето на проектот и на одговорните за контакти со јавноста од автомобилската индустрија за обезбедувањето на целокупната поддршка во организирањето на средбите и тест возењата на нивните нови производи.

За AUTOBEST
AUTOBEST Организацијата беше создадена во 2001 година со револуционерен концепт на „Best Buy автомобил“, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена достапен на европскиот пазар. Вкупно 31 европска нација сега се претставувани во жирито, покривајќи огромно мнозинство од населението во Европа. За еден автомобил да стане AUTOBEST победник, мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и разновидноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии се исто така важни критериуми. При одлучувањето за победникот AUTOBEST жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми.

клучни зборови: AutoBest, Seat

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 35

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии