Цените на горивата како на клацкалка

Објавено на 5 февруари 2018 година

Комплицираниот механизам за пресметка на цените на горивата кај нас официјално наречен 'методологија' предизвика бензинот да поскапи, а дизелот да поевтини. Во известувањето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија како причини за ваквите спротивставени движење на цените на бензинот и дизелот се наведуваат просечната цена на суровата нафта која на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период беше за 0,7% пониска, курсот на денарот во однос на доларот кој се намали за 1,28%, но и референтните цени на нафтените деривати на берзите - онаа на бензинот која порасна за 3,47% и на дизелот која е поголема за 0,68%. Сето ова придонесе за соодветно прилагодување во структурата на цените на нафтените деривати кое официјално е класифицирано како поевтинување бидејќи рафинериските цени се намалуваат во просек за 1,59%, а малопродажните за 1,21%.

Како и да е, од утре за литар еуросупер БС-95 бензин ќе плаќаме за 0,50 денари повеќе, односно по 68 денари, малопродажната цена на еуросупер БС-98 бензинот не се променува и понатаму ќе изнесува 69,50 денари, додека цената на Д-Е V еуродизелот се намалува за еден денар и ќе изнесува 59,50 денари.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии