Porsche Cayenne E-Hybrid

Зелената е најубавата боја

Не, не мислиме на пролетно раззеленетите дрвја туку на зелените автомобили меѓу кои се вброи и Porsche Cayenne E-Hybrid
Објавено на 2 мај 2018 година

Беше најавен уште во март кога се вршеа финалните тестирања на прототипите, а сега зелениот Porsche Cayenne E-Hybrid и официјално е претставен. За негов погон се искомбинирани 3,0 литарски V6 бензинец со 340 KS и електромотор со 100 kW, кои заедно на сите тркала преку осумстепениот Tiptronic S менувач испорачуваат 462 KS и 700 Nm. 
Porsche Cayenne E-HybridТие се доволни за забрзување до 100 km/h за точно 5,0 секунди и најголема брзина од 253 km/h. После полнењето од 7,8 часа литиум-јонските батерии од 14,1 kWh ќе му овозможат да помине едвај 44 електрични километри, со брзини до 135 km/h. Затоа пак според фабричките податоци емисијата на CO₂ му изнесува 72 g/km, a комбинираната потрошувачка на гориво импресивни 3,2 l/100 km.

Импресивна е и цената, која за Германија е поставена на 89.822 евра. Porsche Cayenne E-Hybrid во продажба ќе се најде веќе овој месец.


Porsche Cayenne E-Hybrid

клучни зборови: новитети, Porsche Cayenne E-Hybrid

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии