BMW 320d

BMW 320d во целост ги почитува сите законски барања

Објавено на 4 март 2018 година

Германската федерална служба за моторен транспорт KBA пред извесно време ги објави резултатите од тестовите извршени врз BMW 320d и потврди дека испитаното возило во целост ги почитува сите законски барања. Тестовите беа извршени по критиките за вредностите на емисиите во декември 2017 година од лоби-групата за животната средина Deutsche Umwelthilfe - Акција за животната средина Германија. Клаус Фрулих член на управниот одбор на BMW AG одговорен за развој, објасни: „Како принцип, возилата на групацијата BMW не се манипулирани и ги почитуваат сите соодветни законски барања. Нашите дизел мотори се чисти. Јавноста и креаторите на политики можат да бидат сигурни во тоа - а, пред сè, исто и нашите потрошувачи и вработени“. Наодите на последните тестови на KBA уште еднаш го потврдуваат тоа што повеќепати беше докажано со бројни официјални ревизии спроведени од светски надлежни органи: Групацијата BMW нема никакви незаконски активности или какви било технички одредби што влијаат врз модусот на тестот за регистрирање на емисиите.

Ова, секако, се однесува и на неодамна критикуваниот BMW 320d - што се докажува и со резултатите од деталните испитни платформи и тест возења. Во однос на возилата на групацијата BMW, TÜV Süd уште во 2015 година потврди: „Вредностите на NOx за сите тестирани возила се во рамки на технички објаснивата и очекувана толеранција и, според мислењето на TÜV Süd, покажуваат многу робусна вредност на емисиите“. Конкретно, ова значи дека ефективноста на системите за контрола на емисии потребни за третман на издувниот гас во целост го одразуваат типичното возачко однесување на потрошувачите. Нема никаква интервенција што би можела да влијае врз емисиите на возилата. Резултатите од тестот на KBA исто така укажуваат дека вредностите на емисиите што ги критикуваше Deutsche Umwelthilfe биле резултат на изнудени возачки ситуации и погрешно спроведување на тестовите и следствено на тоа не се репрезентативни. Фрулих: „Наодите од тестовите на KBA многу јасно покажуваат дека испитаното возило не било манипулирано. Поради тоа сметаме дека процедурата усвоена од Deutsche Umwelthilfe е непрофесионална и нејзините резултати се безначајни“.

клучни зборови: занимливости, BMW 3

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии