Без дизел возила низ германските градови

Објавено на 27 февруари 2018 година

Германскиот сојузен суд им пресуди на дизелите - отсега секој град ќе може да забранува низ неговите улици да се движат возила со дизел мотори. Одлуката дојде по жалбата на сојузните покраини Баден-Виртемберг и Северна Рајна-Вестфалија чии судски инстанци претходно одлучија дека градовите Штутгарт и Диселдорф можат да воведат мерки како забрана за сообраќај со цел одржување на дозволените вредности на штетните материи во атмосферата кои доаѓаат од издувните гасови. Со тоа правно е ослободен патот кој ќе ги однесе дизелите подалеку од урбаните центри, што според покраинските власти е дискриминирачки. Сојузниот управен суд во Лајпцих не мислеше така и според него не постојат правни препреки за воведување на забраната за сообраќај. Во заклучокот на судот сепак се вели дека градовите кои ќе одлучат да го забранат сообраќајот на дизел возилата мора да го сторат тоа постепено, со воведување на исклучоци, на пример за малите стопанственици. Истовремено се нагласува дека забраната останува последно средство за остварување на целта за задржување на загадувачите на воздухот во дозволените вредности.

Оваа одлука на сојузниот управен суд во Лајпцих конкретно се однесува на Штутгарт и Диселдорф, но важи и за уште 70-тина градови во Германија каде вредностите на штетните материи во воздухот повеќекратно ги надминуваат лимитите. Јасно е дека оваа одлука ќе има големи последици по судбината на дизелите но и на трендовите на пазарот на нови и половни возила и целата автомобилска индустрија воопшто.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 39

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 63,50
биодизел Б6 64,00
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии