Toyota Auris

Без дизел, но со две хибридни верзии

Toyota со новата генерација на Auris започнува со пресврт во моторната понуда
Објавено на 9 март 2018 година

Во Женева беше модерно да се споменува дека во понудата повеќе ќе нема дизели, на чие место ќе дојдат хибриди. Но Toyota со Auris започна тоа и да го спроведува - новата генерација на хечбекот нема дизел мотор, но има две хибридни верзии. Така купувачите ќе можат да бираат меѓу 1,8 литарскиот со 122 коњски сили и посилниот дволитарски кој нуди 180 коњи. Основниот мотор и понатаму е турбо бензинецот со зафатнина од 1,2 литри и 116 коњски сили. Засега нема да се нуди plug-in верзија, бидејќи во Toyota сметаат дека тоа е непотребно кај ваков модел.

Што се однесува до дизајнот тој е сосема нов. Невообичаено е привлечен и спортски, со повеќе истакнати стилски детали отколку досега. Платформата и истата од C-HR и Prius, заради што каросеријата е подолга за 40 а пониска за 25 милиметри. Поголемото меѓуоскино растојание нуди повеќе место во внатрешноста и багажникот. Во новиот Auris ќе се среќаваат бројни системи за помош на возачот, од кои поголемиот дел сериски во сите негови изведби. Ќе се произведува во Велика Британија, а продажбата ќе му започне во втората половина од годинава.


Toyota Auris

клучни зборови: новитети, Toyota Auris

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии