AutoBest го менува системот на гласање

Новиот систем на гласање ги опфаќа најновите мегатрендови во автомобилската индустрија
Објавено на 1 март 2018 година

За прв пат во 17-годишната историја на AutoBest, европското жири го ажурира системот на гласање за AutoBest Best Buy Car of Europe наградата сочинет од 13 критериуми. Новиот систем ја зема во предвид еволуцијата на автомобилската индустрија кон зголемувањето на автономните способности, поеколошките погонски групи и поголемите конективни можности на автомобилите. „Еволуцијата на добро познатиот систем на гласање е во согласност со нашата определба објавена пред една година. Кога започнавме сите го ценеа балансираниот пристап меѓу емоционалното и рационалното, исто како и во реалниот живот кога купувачот го одбира својот нов автомобил. Тоа се сметаше за милениумски пристап кон моторизацијата. И со новиот систем го задржуваме истиот дух, истата ДНК на гласачкиот концепт, но овозможуваме и иднината да биде дел од нашиот избор. Отсега натаму автомобилот што нуди најмногу за својата цена во Европа ќе го надмине она што денес го претставува со оценувањето на идните предизвици за новите модели што пристигнуваат на пазарот. Тоа е нашиот одговор на тоа каква вредност ќе има денешниот автомобил во годините што следат!“, изјави Дан Варди, основачот и претседател на AutoBest.

И новиот систем на гласање останува со 13 критериуми, но некои претходни се споија за да им овозможат на новите да влезат. Балансот на системот останува како што беше од основањето на AutoBest. Бројот на бодови сега е помножен со 10 за да на членовите на жирито им се даде можност подетално да ги проценуваат финалистите. Според правилата на AutoBest, бројот на финалисти не е фиксен. Обично овој број е пет, но во историјата на AutoBest имаше години со четири или шест финалисти - како што беше случај сега. Со новиот број на бодови достапни за секој критериум на членовите на жирито ќе им биде полесно да ги рангираат финалистите. Нов е критериумот „Напредни технологии/автономност“, кој дава можност за оценување на секој нов модел од оваа перспектива. Друга новост се „Конективните технологии“ кои се уште еден важен дел во процесот на оценување. Исто така нов е критериумот „Зелени технологии/мотори“ кој се однесува на достапноста на новите еколошки мотори, хибридните технологии и електрификацијата на новите модели.

И со новиот систем на гласање целиот процес ќе остане целосно транспарентен, како што беше од самиот почеток. Оваа политика е уникатна предност на AutoBest жирито, како што многупати имаат нагласено и врвните директори во автомобилската индустрија, и купувачите на возила. Новиот систем на гласање ќе започне да се применува од AutoBest Best Buy Car of Europe изборот за 2019 година.

клучни зборови: AutoBest

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 39

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 63,50
биодизел Б6 64,00
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии