Audi A6

Подготвен за битка

Првите впечатоци од најновиот Audi A6 се дека е подготвен за битка со BMW 5 и Mercedes E-класа со помош на технологиите од A8
Објавено на 8 март 2018 година

Осмата генерација на успешниот Audi A6 го здогледа светлото на денот. Поточно на рефлекторите на женевскиот авто-салон, но сеедно каде неговите моќни линии изгледаат самоуверено. Така е заради адутите што ги кријат - технологиите од A8 со кои оваа лимузина ќе се бори со BMW 5 и Mercedes E-класа. Следбениците на конкуренцијата ќе кажат дека новиот А6 изгледа некако веќе видено, дури и здодевно но во тоа нема ништо лошо. Основните црти му се добиени со еволуција на досегашниот облик со стилските елементи од А7 напред и А8 назад, додека внатрешноста располага со повеќе простор. И луксуз да не заборавиме, совршено избалансиран со имплементираните технологии што ги споменавме. Нив ги има премногу за набројување, но никако не можеме да ги испуштиме полуавтономните можности. Разделени се во три пакети кои независно еден од друг помагаат при паркирање, возење во град и на автопат. Изненадувања во моторизацијата нема, барем не засега. За тоа беше задолжена цената, која е позиционирана на 58 илјади евра.


Audi A6

клучни зборови: новитети, Audi A6

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии