Алпска врелина

Според многу што најдобриот европски салон на автомобилите и годинава е полн спектакуларни новитети
Објавено на 6 март 2018 година

Алпска врелина од салонот на автомобилите во Женева им посака добредојде на ордите новинари од целиот свет - ги има околу десет илјади меѓу кои како и секогаш нашата екипа. Тие денес и утре ќе имаат ексклузивна можност во живо да ги разгледаат бројните новитети на 88-мото издание на овој според многу што најдобар европски салон на автомобилите за кој се закажани 70-тина прес-конференции. Поголем дел но не и сите 110 премиери беа познати уште пред отворањето на салонот, но без разлика ние ќе ве известиме за сé ново што до 18 март во халите на Palexpo ќе биде изложено од страна на 180-те изложувачи. Тие за оваа манифестација донесоа околу 900 автомобили кои се очекува во живо да ги видат повеќе од 700.000 посетители.

клучни зборови: салони, Женева

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии