Lamborghini Huracan Performante Spyder

17 секунди до комплетно задоволство

Lamborghini во Женева пристигна со топлес верзијата на Huracan Performante
Објавено на 9 март 2018 година

Лани во Женева Lamborghini го лансираше Huracan Performante, а во Франкфурт Aventador S Roadster. Затоа и не беше тешко да се претпостави дека за овој салон на автомобилите ќе биде подготвена отворена верзијата на помалиот суперавтомобил од Сант'Агата Болоњезе. Се најде во друштво на многу помоќни електрични ламји, но не потпадна под нивната сенка. Афинитетите се различни, но на сите љубители на четирите тркала слабост им се вакви автомобили. Посебен како што може да биде еден Lamborghini, тој е за 125 килограми потежок од истоимениот купе модел. Но тоа не е никаква пречка до сто на час да стигнува за 3,1 секунда, ниту пак да дотера до 325 километри на час. И тоа со спуштен покрив, процедура која трае 17 секунди. Што уште треба да се каже? Можеби само уште цената, која е поставена на 220 илјади евра плус давачки.


Lamborghini Huracan Performante Spyder

 

Видео

клучни зборови: новитети, видео, Lamborghini Huracan

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии