» NAIAS 2015 :: Зошто овој Детроит беше најсилен досега?

Зошто овој Детроит беше најсилен досега?

Ризикувајќи многумина да не се сложат со нас, ќе кажеме дека годинешниот салон на автомобилите беше силен како ретко кога
Објавено на 26 јануари 2015 година

Губејќи го тлото под нозете, салонот на автомобилите во Детроит не ја изгуби и моќта - додека заради близината на купувачите за производителите избор се Њујорк и Лос Анџелес кога се во прашање премиери на нови модели кои треба комерцијално да влијаат врз резултатите од продажбата, визиите кои ја креираат иднината остануваат во Детроит. Тоа, и намалениот број изложувачи што како последица на посетителите им дава повеќе време да се запознаат со премиерите, прави Детроит, единствениот американски салон на автомобилите кој се одржува под закрила на OICA, да има поинаква тежина.

Годинава неа ја почувствуваа 808.775 посетители, за малку но сепак повеќе од лани. Новинари ги имаше 5.025 од 60 земји, меѓу кои и од нашата редакција. Премиерите беа вкупно 55, од кои само 6 американски, а останатите 49 светски. Бројот на премиерно покажани концепти застана на 7, а најголема ѕвезда, без дискусија, беше Ford GT.

Од организаторите оценета како брилијантна двонеделна прослава на љубовта на светот кон автомобилите, NAIAS на регионот му донесе вкупен економски бенефит од 400 милиони долари.

клучни зборови: салони, Детроит

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии