» Mercedes A-класа (со видео) :: Внатрешност со вештачка интелигенција


Mercedes A

Внатрешност со вештачка интелигенција

Објавено на 4 февруари 2018 година

Колку е голем трудот вложен во развојот на новата генерација на Mercedes A-Class ќе открие внатрешноста. Кабината располага со современ, дури и авангарден изглед. Дизајнерски едноставниот но беспрекорно организиран преден панел во форма на крило широко се протега од крај до крај. Дводелната дигитална инструмент табла отвора поглед кон еден нов свет. Амбиенталното осветлување со 64-те достапни бои лесно може да го одземе здивот. Контролите за најчесто користените функции се групирани на управувачот, а останатите се командуваат со глас. Благодарејќи на вештачката интелигенција иновативниот инфо-забавен систем има способност за учење. Комфорот е подобрен уште и со поквалитетните материјали и сеопфатниот избор на опрема, додека пространоста е за нијанса поголема.

Видео

клучни зборови: новитети, видео, Mercedes A

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии