» Byton :: Уште еден кинески електричен кросовер или нешто повеќе...?


Byton

Уште еден кинески електричен кросовер или нешто повеќе...?

Како и другите, и тој има футуристички изглед и големи амбиции, но нешто сепак го разликува
Објавено на 4 февруари 2018 година

Зад сосема непознатото име Byton стојат моќни технолошки играчи и нивните дебели финансиски портфолија. Тоа беше доволно да привлече голем број стручњаци од Tesla и BMW кои беа ангажирани на неговиот развој. Тие заедно замислија автономно и целосно вмрежено возило, со високо апострофирана вештачка интелигенција. Затоа и своето дело го класифицираат како SIV, односно Smart Intuitive Vehicle. Дека навистина е умно возило докажуваат со можноста за препознавање на возачот, 
Bytonкој со него ќе командува на еден од 30-тината поддржани јазици и нивните дијалекти. За интуитивноста ќе се грижат моќните процесори кои ќе ги предвидуваат желбите на возачот и самостојно ќе ги анализираат комплексните сообраќајни ситуации. Од поприземните технологии се среќаваат огромниот дисплеј долг 125 и висок 20 сантиметри и дигиталните ретровизори.

Byton планира да започне со продажба на овој кросовер при крајот на идната година во Кина, а од 2020-тата во САД и Европа. И покрај најавената цена од 45.000 долари очекуваат годишно да произведуваат по 100.000 примероци од него. Во наредните две години ќе бидат понудени уште два модела, со идентични планови за продажбата.


Byton

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Byton

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии