» Toyota Supra :: Легендата се враќа!


Toyota Supra

Легендата се враќа!

И официјално - новата Toyota Supra доаѓа во Женева!
Објавено на 13 февруари 2018 година

После години чекање и безброј шпекулации, новата Toyota Supra ќе дебитира на претстојниот салон на автомобилите во Женева. Дека легендата сега навистина се враќа јапонскиот производител потврди со оваа фотографија на која се гледа детаљ од задниот дел со големото крило на него. За да ја задржи возбудата на максимално ниво, Toyota со неа не објави ниту збор. Всушност не се споменува ни ознаката Supra - сé што кажаа е дека се работи за тркачки концепт со кој се најавува нова спортска икона на марката. Затоа сакале или не, мора повторно да се вратиме на шпекулациите кои велат дека овој модел што се развива заедно со BMW нема да го носи името на матичната компанија. Наместо тоа, тој на себе ќе го има амблемот на Gazoo Racing, одделението на Toyota примарно задолжено за тркачки активности. Се зборува и дека ќе биде понудена со повеќе погонски групи, вклучително и една од баварско потекло. Колку е вистина ова, ќе дознаеме за дваесетина дена.

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Toyota Supra

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии