» Toyota Supra ќе ги нема ознаките на Toyota


Toyota Supra

Toyota Supra ќе ги нема ознаките на Toyota

Јапонците испробуваат нови тактики за означување на своите модели со моќен имиџ
Објавено на 7 декември 2017 година

Не е прв пат во историјата на автомобилите и нема да биде последен, но ќе биде еден од ретките вакви случаи кај Toyota - моделот што се развива заедно со BMW и кој ќе го реинкарнира името Supra, нема да ги има ознаките на матичната компанија. Наместо тоа, тој на себе ќе го има амблемот на Gazoo Racing, одделението на Toyota примарно задолжено за тркачки активности. Со тоа, после Lexus Toyota и официјално ќе добие и втор суб-бренд. Во Јапонија веќе се нудат спортските модели на Toyota со додавката GR, но тие нема да се приклучуваат на новото семејство. Што се однесува до Supra, таа како прв модел брендиран како GR во продажните салони треба да се појави некаде околу средината на 2019-та. Ќе ја дели платформата со новата генерација на BMW Z4, која ќе биде претставена година дена пред неа. За да премногу не си пречат еден на друг, двата модела ќе се разликуваат главно по каросериската изведба - Z4 ќе биде родстер, а Supra купе.

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Toyota Supra

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии