» Стоп за препродавачите на стари возила

Стоп за препродавачите на стари возила

Со најновите законските измени ќе се стави ред во неконтролираниот увоз на возила од странство
Објавено на 7 април 2015 година

Министерот за економија Беким Незири ги соопшти предлозите на владата со кои секој граѓанин на Република Македонија ќе може да увезе само два автомобила годишно. Со интервенции во законот за трговија секој што ќе сака да увезува повеќе од две стари возила во една календарска година ќе мора да има регистрирано фирма - како физичко лице нема да може да го стори тоа. Со ова решение се очекува да се сузбие сивата економија и да се елиминира нелојална конкуренција во трговијата со употребувани моторни возила, но и да се заштитат граѓаните од несовесните трговци на црно чија единствена цел е остварување есктра заработувачка.

Дополнувањата на законот за возила, пак, предложени како како резултат на досегашните искуства во работењето на 14-те овластени технички служби, се очекува да бидат во насока на зголемување на ефективноста во нивното работење. Според министерот Незири, целта на овие измени е допрецизирање на надлежностите на службата која го врши одобрувањето на возилата и скратување на роковите за издавање на одобрение за единечно возило од 15 на 5 работни дена. Дополнително ќе се менува и процедурата за техничките прегледи на возилата, кои ќе мора да трајат најмалку 10 минути со цел да се спречи провлекувањето на возила со сомнителна исправност. Плус тоа, записите за измерени издувни гасови, за исправноста на сопирачките и на системот за управување ќе бидат составен дел од регистрацискиот лист на возилото, со цел за зголемување на безбедноста на сообраќајот, поголема заштита на животната средина и попрофесионално и поефикасно работење на службите за технички преглед.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии