» Лос Анџелес 2014

Старт со рекорден број новитети

Жителите на градот на ангелите се подготвени да ги дочекаат најновите достигнувања во светот на автомобилите
Објавено на 18 ноември 2014 година

Западниот брег на САД отсекогаш бил поинакво место кое специфичниот вкус на оние што живеат таму, посебно во сончевиот Лос Анџелес, го издвојуваат на светската мапа како место со посебен шарм за разни настани. Автомобилите и новитетите меѓу нив секако не се издвоени од севкупната слика и тие секогаш се бурно поздравени и топло пречекани под сончевото поднебје на Јужна Калифорнија, макар пристигнувале кон крајот на ноември.

Такви годинава на салонот во Лос Анџелес, кој своите врати за публиката ќе ги отвори на 20-ти овој месец, ќе има доста. Поточно, се очекуваат рекордни шеесетина премиери, од кои повеќе од половината глобални. Најзначајни од нив се засега неименуваниот концепт на Audi, перформансниот Cadillac ATS-V, новите Chrysler 300 и Ford Explorer, спортскиот модел на Galpin и Fisker, Jaguar F-Type со погон на сите четири тркала, кабриолетот Lexus LF-C2, малиот SUV Mazda CX-3, ултралуксузниот Mercedes-Maybach S 600, преоблечениот во рувото на Scion Auris, Cross Country верзијата на Volvo V60… Секако, изненадувањата не само што се можни, туку и посакувано се очекуваат, бидејќи овие три дена пред официјалниот почеток на салонот се резервирани за бројните настани, меѓу кои и 36 прес-конференции на кои производителите ќе ги претстават своите новитети. А Американците, познати по желбата за организирање раскошни гала настани, до последен здив се воздржуваат да ги откријат, дури и оние кои претходно се најавени. Колку и да звучи нефер да се крие нешто што светот го очекува со нетрпение сé до закажаниот термин за прес конференцијата, сепак уживањето во театралноста на моментите кога ќе биде дигната завесата од премиерните остварувања е дел од нивниот стил на живот, па ред е и ние да бидеме дел од тоа.

клучни зборови: салони, Лос Анџелес

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии