» Стар автомобил ќе се продава само на автоплацеви

Стар автомобил ќе се продава само на автоплацеви

По цели пет години хаос, законски ќе се регулира трговијата со стари автомобили
Објавено на 20 мај 2015 година

Измените и дополнувањата на законот за трговија ќе ја ограничат слободната купопродажба на стари автомобили - тие отсега ќе се продаваат само на автоплацеви. Нема повеќе да има ни купи-продај автомобил од странство бидејќи секој ќе има право да увезе и продаде само две возила годишно. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на законот за трговија кои веќе се во собраниска процедура и ќе се разгледуваат наредната недела.

Според измените кои ги подготви министерството за економија, автоплацевите ќе се дефинираат како посебна категорија на продажни објекти за трговија со стари моторни возила. Согласно проценките, тоа ќе значи трошок од 10.000 до 50.000 евра за изградба односно од 100 до 200 евра месечно за закупување на плац на секој субјект што ќе сака да продава стари возила. Заедно со ова, владата подготвува законска основа и за воведување ограничување на увозот на употребувани патнички автомобили и други моторни возила од страна на физичките лица за свои потреби. Намерата е да се спречат манипулациите со купувачите биле тие свесно или несвесно направени. Така, во иднина секој купувач ќе има кому да му се пожали доколку возилото што го купил не е онакво какво што му било декларирано при продажбата, а фирмите регистрирани за трговија со стари возила ќе бидат заштитени од нелојалната конкуренција од приватни лица кои увезуваа и препродаваа стари возила од странство.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии