» Што има зелено во зелениот картон?

Што има зелено во зелениот картон?

Ќе поевтини ли зелениот картон? Можеби за некого, но сигурно не за сите
Објавено на 29 април 2015 година

Ако мислите дека ќе поевтини зелениот картон, се лажете - тоа едноставно не е можно, барем не за сите. Ако мислите дека на осигурителните компании им е гајле дали некој плаќа повеќе или не, пак се лажете - ним едноставно им е важно парите што ги собираат од зелените картони да се доволни да ги исплатат штетите од нашите возила направени во странство. А тие постојано се зголемуваат, и тоа по две основи - затоа што возилата се сé поскапи и затоа што нашите возачи сé почесто патуваат во странство. Тоа значи дека ако не краткорочно тогаш на среден и долг рок гледано можно е само зголемување на цената на зелениот картон. Но, бидејќи тоа е под надлежност на државата, единствена можност да се соберат повеќе пари без негативниот публицитет поврзан со поскапувањето на зелениот картон е менувањето на формулата по која тој се наплаќа.

Такво нешто беше направено пред четири години, кога наместо дотогашната важност на зелениот картон која можеше да биде 1, 3, 6 или 12 месеци, се воведе единствена негова важност од  максимум 12 месеци или до истекот на регистрацијата. Тоа беше добра вест за сите што често патуваат во странство бидејќи ќе плаќаат помалку, но оние што патуваа еднаш или два пати сега плаќаат повеќе. Со други зборови, зелениот картон поевтини за помал број граѓани, а поскапе за сите останати. Така и сега враќањето на старата или воведувањето некоја нова формула повторно за некои ќе значи поевтинување, за други поскапување. Поевтинување за сите едноставно не е можно, исто како што не постои идеална формула за секој да плаќа онолку колку придонесува во ризиците.

Наједноставен, но истовремено и најнефер начин е премијата за осигурување на возилата за патување во странство да биде вклучена во сумата што ја плаќаме при регистрацијата на возилата. Тогаш неговата цена би била симболична (неколку евра) и би се свела само на трошоците за негово издавање и евидентирање. Всушност, ќе нема ниту потреба тој да егзистира како посебен документ - самата регистарска табличка ќе биде доказ дека возилото е осигурено. Ваков систем функционира во поголемиот дел од земјите (посебно западните) кои ја сочинуваат зоната што е опфатена со ова меѓународно осигурување. Воведувањето на овој систем значително ќе ја снижи цената на зелениот картон од сегашните 90 евра (ретко кој плаќа по 60, колку што е неговата цена за возилата со мотор послаб од 90 KS), но за сите наши граѓани кои не патуваат во странство тоа ќе значи дека треба да плаќаат за нешто што не користат. За потсетување, цената на зелениот картон порано се движеше од 40 евра за 1 месец до 150 за една година.

Со системот на осигурување со зелен картон се опфатени 47 земји - сите европски освен Косово, плус Израел, Иран, Тунис и Мароко.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии