» Лос Анџелес 2014

Шеесетина премиери во Лос Анџелес

Додека ние во Европа го чекаме октомври и салонот на автомобилите во Париз, Американците ги бројат премиерите за Лос Анџелес
Објавено на 8 август 2014 година

А нив ќе ги има шеесеттина, како што најавија производителите на возила, а објавија организаторите на салонот во градот на ангелите. Детали не сакаа да дадат бидејќи е премногу рано, но затоа се пофалија дека ќе бидат домаќини на 25 светски премиери од марките Acura, Audi, BMW, Chrysler, General Motors, Hyundai, Lexus, Mazda, Mercedes, Scion, Toyota, Volvo и Volkswagen. Покрај тоа што нив ќе придружуваат и повеќе од 30 северноамерикански премиери, оваа рекордна бројка може да биде и поголема затоа што, според организаторите, неколку производители планираат, но сé уште немаат потврдено дека во Лос Анџелес ќе настапат со светска премиера. Најголем дел од новитетите ќе бидат луксузни, перформансни и возила со ниска или нулта емисија гасови, како сериски модели, така и концепти.

Годинава салонот во Лос Анџелес ќе се одржи од 21 до 30 ноември. Историјата на овој салон на автомобилите датира од 1907 година.

клучни зборови: салони, Лос Анџелес

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии