» Peugeot се враќа во САД

Peugeot се враќа во САД

Со помош на Opel, PSA ќе го освојува американскиот пазар
Објавено на 25 јануари 2018 година

PSA групата ги прави завршните чекори во подготовките за своето враќање во САД. Атланта е избрана за седиште на американската филијала, која веќе овој месец ќе започне да функционира. Екипирањето на тимот што ќе ја предводи е во тек, по што ќе започне долг 10-годишен процес на повторно освојување на тамошниот пазар. Во тоа ќе имаат значителна помош од Opel. PSA не може да ја употребува неговата технологија, но познавањето на купувачите и пазарот што го имаат Германците ќе им биде од голема корист. Лани во САД се продадоа 17,2 милиони возила. Жестоката конкуренција која владее го отежнува пробивањето на новите играчи. Меѓу нив ќе бидат и Французите бидејќи Citroen се повлече од американскиот пазар во 1974, а Peugeot во 91-тата година. Официјално ниту Opel не е присутен таму, но неговите Cascada и Insignia се продаваат под амблемот на Buick. Деталите за стратегијата и динамиката на враќањето на PSA во САД се изготвуваат, а сé уште се размислува со која марка да се започне. Но што и да се избере, јасно е дека возилата ќе бидат развивани со помош на германските инженери.

клучни зборови: занимливости, Peugeot

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии