» Париз 2014 најава

Париз е подготвен, а вие?

Сé до 19 октомври Париз ќе биде автомобилски центар на светот
Објавено на 1 октомври 2014 година

Пред две години, салонот на автомобилите во Париз го посетија повеќе од 1,2 милиони луѓе и скоро 12 илјади новинари од 113 држави, ставајќи го уште еднаш пред сите поважни автомобилски настани во целиот свет. Биеналната манифестација годинава ветува повеќе - изложбениот простор е поголем, а некои автомобилски марки најавија враќање. Судејќи според бројот на подготвените премиери, кои ќе ги има повеќе од стотина светски, триесетина европски и нешто повеќе француски, во наредните повеќе од две недели градот на светлината ќе блеска повеќе. Во прв план секако ќе бидат домашните производители, кои традиционално зафаќаат најголем дел од вниманието на посетителите. Тие за влез на салонот ќе треба да издвојат по 14 евра, пари за кои ќе можат да уживаат и во придружните настани - специјалната изложба „Автомобилите и модата“, тест центарот во кој ќе можат да пробаат електрични возила од дузина марки и други.

Првите два дена беа резервирани за новинарите, меѓу кои беше и нашата екипа. Очекувајте дека ќе бидеме вредни и дека сите новитети ќе можете да ги најдете токму на ова место.

клучни зборови: салони, Париз

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии