» Објавени AUTOBEST 2018 финалистите

Објавени AUTOBEST 2018 финалистите

• Со тестовите за вистинската потрошувачка PSA ја освои ECOBEST 2017 наградата
• Alexa за SEAT e SMARTBEST 2017
Објавено на 5 октомври 2017 година

Citroen C3 Aircross, новата Ford Fiesta, новата Honda Civic, Opel Grandland X, новата SEAT Ibiza и Volkswagen T-Roc се финалистите за европскиот AUTOBEST 2018. Овие автомобили ќе се натпреваруваат за титулата Best Buy Car of Europe in 2018, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена. Жирито составено од 31 член ќе ја донесе својата финална одлука и ќе гласа во наредниве неколку недели, а победникот ќе биде прогласен на 15 декември.

„Овие шест извонредни автомобили годинава ги убедија членовите на жирито да ги номинираат во финалето. Значи, имаме шест финалисти за Best Buy Car of Europe in 2018“, рече Дан Варди, основач и претседател на AUTOBEST организација. Во согласност со правилата на AUTOBEST, жирито може да одлучи колку финалисти ќе има секоја година.

AUTOBEST го објави и логото European AUTOBEST 2018 Finalist. Шесте производители имаат 
AutoBest 2018 Finalist право да го употребуваат во целокупната своја комуникација и промотивни кампањи во пресрет на прогласувањето на AUTOBEST 2018 победникот.

На 29 и 30 ноември, европското AUTOBEST жири ќе се собере на патеката Ваирано покрај Милано, Италија, за Final 6 тестирањата. „Како AUTOBEST ние ги изведуваме едни од најрелевантите и најкомплексни тестови спроведени од автомобилските медиуми. Минатата година ги воведовме нашите споредбени тестови на јавни патишта и затворена патека благодарение на одличната соработка со ASC Vairano, на тест-патеката на Quattroruote, водечката италијанска автомобилска ревија и член на AUTOBEST. Исто така воведовме и најнапредна форма на Q & A сесија во автомобилската индустрија", наведе Илиа Селиктар, претседателот на AUTOBEST жирито.

ECOBEST 2017 наградата, европското водечко признание за најрелеванти еколошки производи, технологии и проекти, отиде во рацете на PSA за тестовите за реалната потрошувачка спроведени во соработка со Bureau Veritas, T & E и France Nature Environment (FNE). Ова е прв пат во индустријата производител на автомобили - PSA, да се здружи со три независни организации - Biro Veritas, France Nature Environment и Transport & Environment организацијата со седиште во Брисел, за применување научен пристап за мерење на потрошувачката во реални услови. Во период во кој доминира сомневањето дека повеќето од објавените податоци за потрошувачката не се блиску до реалноста, проектот на PSA ја покажува определбата на францускиот производител на автомобили да биде фер со своите клиенти.

Годинава DESIGNBEST наградата отиде кај Марек Рајхман, главниот дизајнер и главен креативен директор на Aston Martin Lagonda. Зачекорувајќи во оваа единствена алеја на славните резервирана само за најдобрите автомобилски дизајнери, Marek ReichmanРајхман го доби ова европско признание за својата извонредна работа кај британскиот производител на автомобили. Дизајнерот на некои од најпознатите автомобилски икони од последната деценија, вклучувајќи неколку и за Џејмс Бонд, е еден од најталентираните и највлијателни на нашето време. Тој направи извонреден придонес за еволуцијата на Aston Martin од производител на луксузни автомобили во луксузен бренд, нудејќи многу производи, услуги и искуства.

SMARTBEST 2017 наградата ја доби SEAT за пионерската соработка со Alexa, прва во автомобилската индустрија. Иако не е ексклузивен, изборот на Amazon да стане партнер најпрво со SEAT во имплементирањето на светски познатата Alexa претставува значаен чекор во технологиите за поврзување на денешните автомобили. Тукушто започнатата соработка ќе оди многу подалеку од едноставното препознавање на глас присутно денес. Оваа соработка има шанса да ги промени правилата на игра во поврзаната иднина! AUTOBEST жирито се гордее што ја додели SMARTBEST наградата - првата во светот посветена на поврзаните технологии - на шпанскиот производител на автомобили SEAT, кој како бренд е фокусиран на овој мегатренд.

Престижната SAFETYBEST награда годинава ја освои Toyota за тоа што го направи својот напреден Safety Sense систем стандарден кај речиси сите свои автомобили. Овој потег донеси високо ниво на активна безбедност кај скоро сите автомобили што се продаваат низ Европа и во голема мерка е во согласност со уверувањата на AutoBest. Жирито е посебно импресионирано од темпото со кое Toyota го имплементираше овој широк безбедносен пакет во својата гама. Веќе сега повеќе од девет од десет автомобили - 92 проценти да бидеме прецизни - што се продаваат во Европа се опремени со Toyota Safety Sense. Оваа бројка вклучува 100 проценти од прифатливиот Yaris, кој ги доби Pre-Collision системот со автономно итно сопирање, автоматски долги светла, предупредување за напуштање на коловозната лента и безбедносни појаси на задните седишта со ограничувачи на силата и затегнувачи. Сите освен основниот модел исто имаат и препознавање на сообраќајните знаци и го предупредуваат возачот ако го надмине дозволеното ограничување на брзината.


AutoBest

Членовите на AUTOBEST жирито претставуваат 31 европска земја, сочинувајќи го најголемото независно автомобилско жири во светот според бројот на застапени држави.

AUTOBEST жирито исто така посветува внимание и на напорите што автомобилската индустрија ги прави. Инвестициите, новите можности за работа на луѓето, трошењето средства за еколошки автомобили и технологии, поддршка на различни региони во Европа и сличните активности внимателно се следат и оценуваат од страна на жирито. И новите технологиите во автомобилите и можноста за поврзување исто така се под лупа на жирито. Вкупно осум награди се посветени на споменатите достигнувања: MANBEST, COMPANYBEST, ECOBEST, DESIGNBEST, TECHNOBEST, SAFETYBEST, SMARTBEST и SPORTBEST. Денес AUTOBEST ги објавува првите четири. Останатите ќе бидат објавени подоцна.

Церемонијата за нивното доделување ќе се одржи во првата половина од февруари 2018-та. Секоја година AUTOBEST AWARDS GALA свеченоста ги собира заедно водечките луѓе од различни компании. Така, таа стана единствен европски годишен настан каде што конкурентите со големо задоволство се собираат на иста маса. Доделување на наградите еволуираше за овие 17 години од свечена вечера на локации со пет ѕвездички во европски гала настан со уметничка содржина од светска класа, гурманско мени и уникатно големото финале за AUTOBEST наградите. Манифестацијата за 2017-та се одржа во Лисабон, Португалија. Повеќе клиенти од цела Европа се во контакт со лотаријата организирана од AUTOBEST која ќе им овозможи да учествуваат на гала вечерта. AUTOBEST 2018 Gala церемонијата ќе се одржи во Салцбург, Австрија.


AutoBest

Во исто време, AUTOBEST жирито му посакува добредојде Шчепан Мрочек, кој е нов член кој ја претставува Полска. Тој го заменува Шимон Солтисик кој ја избра ПР кариерата во автомобилската индустрија. Шчепан е почитувано новинарско име во Полска. При неговото прифаќање на членството во жирито, Шчепан изјави: „Чест е да се учествува во AUTOBEST. Тоа ќе биде од голема помош за пласирање на битните информации за големосериските автомобили што се на пазарот. Со нетрпение очекувам да ја продолжам работата на г-дин Солтисик како единствен полски член на AUTOBEST". Членството на Шчепан веќе стапи на сила и тој ќе учествува во сите активности поврзани со жирито.

За AUTOBEST
AUTOBEST Организацијата беше создадена во 2001 година со револуционерен концепт на „Best Buy автомобил", односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена достапен на европскиот пазар. За еден автомобил да стане AUTOBEST победник, мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и разновидноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии се исто така важни критериуми. При одлучувањето за победникот AUTOBEST жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми.

клучни зборови: AutoBest

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22, епизода 3

    повеќе

Видео на денот

  • Aston Martin DB11 Volante

    И Џејмс Бонд ќе му завиди

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 63,00
еуросупер 98 65,00
еуродизел Д5 51,00
биодизел Б6 51,50
течен нафтен гас 31,00
метан 32,00

Фото галерии

  • Polestar 1

    Како прво, да го разгледаме

    повеќе