» Новиот Peugeot 508 во Женева


Peugeot 508

Новиот Peugeot 508 во Женева

Објавено на 11 февруари 2018 година

Благиот настап на Peugeot во поглед на новитетите во изминатиот период беше само затишје пред бура. Вистинското од марката допрва следи - на салонот во Женева ќе се појави новиот 508. Тоа со покажаниот концепт Instinct стана јасно уште лани и без официјално да биде потврдено од страна на продукт-менаџерот Лорен Бланшет кој го најави доаѓањето на новата генерација на 508 за првата половина на годинава, нагласувајќи дека ќе биде позиционирана поблизу до премиум моделите од оваа класа. Заради тоа можно е и ознаката да биде некоја друга, иако тоа не е многу веројатно. Според најавите, идниот модел ќе биде поставен на модуларната EMP2 платформа, истата од 308 и 3008, но и од кинескиот 408. Во споредба со сегашната генерација ќе има попростран и покомфорен ентериер, со поквалитетни материјали и побогата опрема. Во поглед на моторизацијата се очекува да биде понуден и во бензинска хибридна верзија, а можно е и лансирање на моќна спортски ориентирана варијанта со 270-коњскиот турбо мотор од 308 GTi. Се зборува и за електрична изведба, но без многу конкретизирање.

Сегашната генерација на 508 е обновена во 2014 година. Од неа лани Peugeot во Европа продаде само 23 илјади примероци, за 73% помалку од 2011-та кога беше претставена. За разлика од Peugeot, Citroen засега целосно се откажа од овој сегмент, барем во Европа - причината е слабата продажба.


Peugeot 508

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината, Peugeot

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии