» Nokian Tyres повторно прогласена за една од најодржливите компании

Nokian Tyres повторно прогласена за една од најодржливите компании

Како производител на врвни пневматици, Nokian Tyres тежнее да биде пример за одговорна компанија во одржливиот раст
Објавено на 13 февруари 2018 година

Во рамките на годишниот извештај за одржливост на RobecoSAM за 2018-та кој е објавен минатата недела, Nokian Tyres повторно е прогласена за една од најодржливите компании во светот за што ѝ e е доделено признание од бронзена класа во категоријата на авто компоненти. RobecoSAM е компанија специјализирана за областа на одржливоста чие годишно оценување се смета за исклучително веродостојно, а извештајот за примената на одржливоста во компаниите ширум светот сеопфатен. Оваа година Nokian Tyres ја доби и наградата „Задвижувач на индустријата“, која се доделува на компанија која има направено најголем чекор во одржливото работење во својата дејност во однос на претходната година. Извонредниот напредок на Nokian Tyres е забележан уште минатата година кога компанијата значајно го унапреди ефектот според проценките на индексот на одржливост Dow Jones, кога е остварен готово двојно повисок резултат од индустрискиот просек и кога е прогласена за најодржлив производител на пневматици според овој светски индекс.


Nokian Tyres „Посветено работевме на повеќе полиња на одржливоста и успеавме да ја направиме составен дел од нашите глобални операции. Затоа и доста сме задоволни заради признанијата што ги добивме за својот долгорочен труд. Таквите повратни информации нé инспирираат да продолжиме по патот што сме го одбрале и нé охрабруваат уште повредно да работиме на одржливоста“, вели Тепо Хуовила кој е надлежен за одржливоста во компанијата Nokian Tyres. Како производител на врвни пневматици, Nokian Tyres сака да биде пример за одговорна компанија која тежнее кон одржлив раст. Компанијата си постави неколку цели до 2020 година, вклучувајќи го и намалувањето на отпорот на тркалање на своите пневматици за 7% и како последица на тоа намалување на емисијата на CO₂ во сообраќајот за 500 милиона килограми до наведениот термин. Таа цел Nokian Tyres ја оствари далеку пред рокот - уште минатата година, заедно со намалувањето на емисиите на CO₂ во производството за 20%. Компанијата Nokian Tyres исто така за цел ја постави и проверката на работењето на сите главни партнери во преработката на гума и елиминирање на депонирањето на отпад од производството. Во Финска веќе се рециклираат 100% од отпадот, а во фабриката во Русија стапката на рециклирање изнесува скоро 90%.

RobecoSAM годишно оценува преку 2.000 компании во поглед на економската, општествената и еколошката одржливост. Во годишниот извештај за одржливоста е објавена проценката на компании од 60 различни дејности од 43 земји.


Nokian Tyres

клучни зборови: занимливости, Nokian Tyres

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии