» Женева 2014

На патот кон иднината

Со спуштањето на сонцето на западниот хоризонт над Женева, вчера беше спуштена и завесата на 84-то издание на ова престижно автомобилско шоу
Објавено на 17 март 2014 година

Geneva 2014

Прекрасниот пролетен амбиент што го создадоа топлите мартовски температури за времетраењето на салонот како да навести каков ќе биде патот на автомобилите кон иднината. Во тоа се уверија и 670-те илјади посетители, нешто помалку од лани, кои во 11-те дена низ салонските хали на Palexpo детално разгледуваа што е ново кај 250-те изложувачи од 30 земји. А тие, на бруто површина од 110.000 m², се претставија со околу 900 возила, меѓу кои и вкупно 146 светски и европски премиери. За нив претходно веќе известија над 10-те илјади новинари од целиот свет, меѓу кои и нашата екипа.

Реакциите на публиката, од која 49 отсто беа странци, а 24% жени, беа на високо ниво. Специјалната изложба за легендарната трка 24 часа Леман беше полн погодок, а голем хит беа и електричните возила кои можеа да се испробаат. И изложувачите беа повеќе од задоволни - дел од нив веќе побараа поголем простор за идната година.

Женевскиот салон на автомобилите е единствен во Европа кој се одржува секоја година. Терминот за наредната 2015-та веќе е познат - од 5 до 15 март. Влезницата чини 16 франци.

Geneva 2014

клучни зборови: салони, Женева

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии