» Москва - нешто најблиску до пеколот за возачите (со видео)

Москва - нешто најблиску до пеколот за возачите

Објавено на 5 февруари 2018 година

Најголемата снежна бура во последниве 100 години ја окова Москва и околината, но било студено или не главниот руски град е нешто најблиску до пеколот за возачите. Иако имаа голем удел причината за тоа не се тие самите, туку претрупаноста на градот со огромен број автомобили. Разните мерки за реорганизација на сообраќајот се константни и постојано се градат нови улици, но гужвите не се намалуваат. Според најновите проценки на челниците на руската престолнина, на улиците на Москва секојдневно има околу 3,6 милиони автомобили, додека за непречен сообраќај оптималниот број би бил 3 до 3,1 милиони. Тоа значи дека во секој момент половина милион возила се повеќе отколку што сообраќајната мрежа на овој мегаполис е способна да прими и нормално да функционира.

Вкупниот број регистрирани автомобили во Москва и московскиот регион е двојно поголем - 7,2 милиони. Во Москва има 340 автомобили на 1.000 жители, а на основа на вкупната површина на градот на секое возило отпаѓаат околу 25 квадратни метри. За споредба, во Њујорк оваа бројка е 205, во Лондон 95, Сингапур 75, а во Лос Анџелес кој исто така е познат по сообраќајниот хаос 155.

Видео

клучни зборови: занимливости, видео

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии