» Женева 2015

Моќно, брзо и динамично

Во моментите кога се пакуваме за Париз, организаторите на салонот на автомобилите во Женева го претставија постерот за нивното идно издание
Објавено на 15 септември 2014 година

 Geneva 2015

Моќно, брзо и динамично - тоа е пораката што Швајцарците му ја испраќаат на светот со новиот постер, креиран од студентите на универзитетот за уметности во Цирих. За да го илустрираат предизвикот на иднината, тие како мотив употребија светло од автомобил, кое со своите визуелно впечатливи линии ја симболизира цврстата насоченост на автомобилската индустрија кон посветлата утрешнина. Разнобојната колорна шема уникатно ја интерпретира фокусираноста да се избере најдобриот од бројните патишта што ќе го предводи развојот во иднината на автомобилите.

Наредното 85-то издание на салонот на автомобилите во Женева ќе се одржи од 5 до 15 март 2015 година.

клучни зборови: салони, Женева

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии