» Кинезите упорни да влезат во Daimler


Geely

Кинезите упорни да влезат во Daimler

Објавено на 6 февруари 2018 година

Geely не се откажува - кинеската компанија прави сé да дојде до акции на Daimler. Амбициите нималку не им се скромни - планот за инвестирање е тежок 4,7 милијарди долари со кои Geely ќе обезбеди меѓу 3 и 5% од капиталот на Daimler и ќе стане негов најголем инвеститор. На сопственикот на шведскиот производител на автомобили Volvo внимание му привлече технологијата на Daimler за батерии за електричните возила, кои се еден од носечките столбови за иден развој на кинеската компанија. Daimler веќе еднаш ја одби понудата на Geely да се стекне со 5% акции, по што Кинезите се подготвуваат да ја нападнат берзата и малите акционери со понуда што нема да можат ја одбијат. Некои извори велат дека тоа веќе е сторено, но официјална потврда нема. Покрај Volvo, Geely е сопственик на Lotus и на компанијата за развој на летечки автомобили Terrafugia.

клучни зборови: занимливости, Geely, Daimler

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии