» Jа возевме Opel Insignia Grand Sport :: Тивка вода брег рони

Тивка вода брег рони

Во 2008 година Insignia ја замени Vectra на врвот на понудата на Opel, кој како таков се смета од престанувањето на производството на Omega во 2003-тата. Истовремено го означи и почетокот на новиот дизајн на марката со молња на носот. Сега се одбројува до лансирањето на втората генерација на Insignia
Објавено на 6 декември 2016 година
автор: Хозе Каетано


Opel Insignia

Opel не е исклучок од правилото во средната класа. Таму главни протагонисти се бестселерите и на трите германски премиум марки Audi, BMW и Mercedes - A4, серијата 3 и C-класата, а сите останати, вклучително и Insignia, мора да бидат задоволни со улогата на аутсајдери. Истата судбина ја делат и Ford со Mondeo, Peugeot со 508, Škoda со Superb… Само Volkswagen со Passat има каква-таква можност да се фати рамо до рамо со референците во класата. Но Opel не се задоволува со тоа - од пролетта 2017 година портфолиото на европската рака на General Motors конзорциумот ќе се обнови со новата генерација на Insignia како замена за моделот претставен во 2008 година и оттогаш продаден во повеќе од 900.000 примероци.

Наследникот на Vectra иницираше важен циклус во историјата на Opel, што се совпадна со заживувањето на компанија која речиси се распадна по економскиот земјотрес во Детроит што здраво ги растресе темелите на и GM. Insignia го репозиционираше производителот од Риселсхајм во класата важна за промоција и имиџот на брендот, но имаше улога и во резултатите од продажбата и профитабилноста - сите знаат дека тука маржите се повисоки отколку во Б или Ц-сегментот во кој Opel настапува со Corsa и Astra. Сега приказната на оригиналот тежнее да се повтори - и новата генерација на Insignia е во еволутивна потрага по целите поставени од елитистичката германска тројка.

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии