» 25 години Еуроимпекс :: Историја за гордеење

Историја за гордеење

Четврт век не е малку време, посебно не за компанија која за 25 години има постигнато многу успеси за гордеење
Објавено на 5 февруари 2015 година

Компанијата Еуроимпекс е токму тоа - компанија со големи успеси за гордеење. Основана во јануари далечната 1990-та, првата приватна компанија во Македонија чие работење е поврзано со продажбата на возила годинава одбележува 25 години од својата успешна работа. По тој повод, во своите простории и со одбрано друштво, Еуроимпекс со пригодна свеченост го одбележа својот 25-ти роденден, а заштитните лица на компанијата - Калиопи, Каролина и Лозано имаа свои фантастични музички интерпретации преполни со емоции.

 „Еуроимпекс како компанија се развиваше темелно и во континуитет. За да бидете успешни во тоа што го работите треба да живеете, да растете, да се развивате, размислувате и да се борите за истите цели како и брендовите што ги претставувате“, кажа меѓу другото Даниел Воиновски. Надоврзувајќи се на неговите зборови, Кирил Воиновски додаде: „Горди сме на предизвиците запишани во нашата историја. 25-годишниот развој е процес кој бара големи вложувања, фокусираност кон целите, адаптибилност кон пазарните услови и мноштво големи одлуки. За овие изминати години имаме многу реализирани проекти со брендовите што ги застапуваме, а најважното признание се задоволните клиенти кои својата доверба одлучиле да ја дадат на Еуроимпекс“. Голема чест за Еуроимпекс беше искажана од страна на Automobiles Peugeot преку присуството на регионалниот менаџер за југоисточна Европа Николас Оланд, кој изјави: „Еуроимпекс наполни 25 години и приближно толку е партнер на Peugeot во Македонија. Сега ја продолжуваме соработката со Еуроимпекс како наш регионален импортер и во поблиското соседство. Ако партнерството досега трае 25 години, тоа е затоа што функционира толку добро и затоа што двете компании делат еднакви вредности.“

Постигнатите успеси во историјата на Еуроимпекс беа презентирани со проекција на корпоративен филм, по кој беа доделени плакети и признанија на физичките и правни лица за лојалност и долгогодишна соработка.

 25 godini Euroimpeks

клучни зборови: Македонија, Peugeot

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии