» Harley-Davidson Sport Glide :: Урбан бунтовник


Harley-Davidson Sport Glide

Урбан бунтовник

Гордоста на слободна Америка започна со продажба на новиот Sport Glide
Објавено на 2 февруари 2018 година

Овој нетипичен модел за Harley-Davidson e деветти во низата целосно нови во кои се споени најдобрите карактеристики на Softail и Dyna моделите. Идејата беше во еден мотоцикл да се обединат спортски, туринг и градски карактеристики. Поедноставно кажано Sport Glide е наменет за оние кои секојдневно мора да се пробиваат низ градските колони, а за викенд или годишен одмор да тргнат на подолги патувања. Затоа и со него може одлучно да се јуриша низ свиоците, но и левтерно да се крстосува по бескрајните асфалтни километри. Возбудата во возењето може да се насети од малата спортска маска која дава доволна заштита, но го остава чувството на ветрот. Со еден потег таа може да се симне за триесетина секунди, колку што време треба за демонтирање и на страничните куфери. Така, за само една минута Sport Glide од моќен турер станува агресивен кастом модел со спортски одлики.


Harley-Davidson Sport Glide Технологиите кои го надминуваат очекуваното од Harley-Davidson ја следат истата филозофија. Благодарејќи на напредната рамка и подесливото ослонување овој мотоцикл е лесно управлив и комфорен за возење. Квалитетните пневматици и моќните сопирачки со задолжителен ABS нема да дозволат ниту возач без поголемо Харли-искуство да ги почувствува неговите 300 килограми тежина. Milwaukee-Eight 107 агрегатот од дури 1.750 кубни сантиметри ги гарантира забрзувањата на мал број вртежи.

Како и сé друго кога е во прашање Harley-Davidson, Sport Glide има само една мана - цената од 19.000 долари.


Harley-Davidson Sport Glide

клучни зборови: новитети, Harley-Davidson Sport Glide

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии