» Париз 2014

Грандиозно!

Парискиот салон на автомобилите ги затвори своите врати
Објавено на 20 октомври 2014 година

Пред тоа, за вкупно 16-те дена колку траеше, низ нив поминаа точно 1.253.513 посетители, за 22 илјади повеќе од полани. Париз најпосетен салон на автомобилите го прават повеќе од стотината премиери, кои годинава ставија акцент на блиската и остварлива иднина. Тука беа и придружните настани - специјалната историска изложба „Модата и автомобилите“ привлече 75% од посетителите, а можноста да ги пробаат најновите електрични и хибридни возила ја искористија повеќе од 10 илјади луѓе.

И изложувачите имаат високи оценки за годинешното биенале - нивото и квалитетот на остварените контакти го оценуваат како многу добро, а десетината дебати организирани од страна на организацијата на француските автомобилски производители, на кои учествуваа повеќе од 700 учесници, ги одбележаа новите фази во справувањето со клучните економски, општествени и технички предизвици на оваа меѓународно значајна индустриска гранка.

Салонот во Париз е омилен и меѓу новинарите, иако неговата распосланост на стотина илјади квадратни метри се одразува на количеството замор што ќе го соберат обиколувајќи ги деветте павилјони на Paris expo Porte de Versailles. Дека се чувствуваа добредојдени, сите десетина илјади, кои годинава ги имаше од 103 земји, докажаа со бројните извештаи кои не можат со суви бројки да се сублимираат, но и со подготвеноста после две години, на 29 и 30 септември 2016-та, повторно да се најдат на истото место. За посетителите, салонот ќе биде отворен од 1 до 16 октомври.

клучни зборови: салони, Париз

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 65,50
еуросупер 98 67,00
еуродизел Д5 57,00
биодизел Б6 57,50
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии