» Голема забава на Олимпија Моторс

Голема забава на Олимпија Моторс

По повод доаѓањето на петтата генерација на Opel Corsa, Олимпија Моторс минатиот викенд организираше дводневно дружење со овој долгоочекуван љубимец на фановите на марката
Објавено на 16 март 2015 година

Забавата која претставуваше продолжение на дружењето во Скопје Сити Мол помина со одлична заинтересираност на сите што дојдоа, на кои на располагање им беше и тест возило. Освен со сталожената и комфорна возливост, моделот со 1,4 литарски агрегат со 90 коњски сили ги привлече посетителите на забавата и со својата одлична опременост, во која посебно се издвојуваа IntelliLink мултимедијалниот систем со 7-инчен дисплеј чувствителен на допир, опција за поврзување со смартфон, блутут и USB, потоа трикракиот кожен волан, LED дневните светла и друго. Клиентите на марката прашуваа и за послабиот 1,2 литарски мотор со 70 KS, за кој се очекува да предизвика еднаква заинтересираност.  Ова посебно заради одличните финансиски услови кои Олимпија Моторс ги обезбеди во соработка со Охридска Банка за сите модели: 8% учество, 84 рати, 0% административни трошоци. Оваа понудата што се среќава за прв пат во Македонија со толку мало учество и по повластени услови значително треба да го олесни купувањето на ново Opel возило.

Програмата на дружењето беше збогатена и со Insignia Sports Tourer, потоа Astra Sedan во дизел изведба како поинтересен модел за нашиот пазар со достапна цена од 14.490 евра и Opel Antara која направи бум во продажбата заради неверојатната цена од 15.990 евра. Не беше изоставен ниту забавниот дел исполнет со многу музика и изненадувања, а сите посетители добија и купони за бесплатно миење на возилата. И овој пат Олимпија Моторс како една од попосветените компании во автомобилската дејност кај нас покажа голема доследност кон марката што ја застапува и кон своите клиенти.

клучни зборови: Македонија, Opel

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии