» Porsche :: Електричната иднина осигурана со 6 милијарди евра


Porsche Mission E

Електричната иднина осигурана со 6 милијарди евра

Porsche во развој на електричните автомобили до 2022 година ќе инвестира шест милијарди евра
Објавено на 6 февруари 2018 година

За развојот на сериската верзија на електричниот Mission E кој треба да биде претставен наредната година, Porsche ќе издвои повеќе од половина милијарда евра. Но тоа е само почеток на приказната за електричните автомобили на марката од Цуфенхаузен, во која ќе бидат вклучени и неколку хибридни модели. Доколку се остварат предвидените планови за чиј старт менаџментот на германската компанија веќе даде зелено светло, до 2022 година ќе бидат потрошени шест милијарди евра. Според прелиминарните планови, годишната продукција на Mission E би требала да биде 20.000 примероци, за што ќе бидат ангажирани нови 1.200 работници. Како потсетување, Porsche Mission E ќе располага со 600 KS, што ќе биде доволно за забрзување до 100 km/h за помалку од 3,5 секунди. Со едно полнење на батериите, автомобилот ќе може да помине 500 километри.

За развој на нови хибридни верзии базирани на постоечката гама ќе бидат инвестирани скоро милијарда евра, а дополнителни 700 милиони ќе послужат за развој на нови технологии за полнење на батериите. Значителна количина пари ќе се потрошат и за прилагодување на капацитетите за производство на зелени автомобили. Останатите пари ќе бидат инвестирани во развој на нови модели. Одговорот на прашањето кое најмногу ги интересира сите е дека хибридното издание на 911 би требало да биде подготвено до 2023 година, додека чисто електрична верзија на најпознатиот модел на Porsche би можела да се појави дури за десетина години. Во Porsche имаат изјавено дека можат да го понудат уште сега, но не сакаат тоа да го направат бидејќи сметаат дека тежината на батериите е преголема.


Porsche Mission E

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината, Porsche Mission E

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 21

    повеќе

Видео на денот

  • Fisker EMotion

    Ех Тесла, Тесла…

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 59,50
биодизел Б6 60,00
течен нафтен гас 32,00
метан 32,00

Фото галерии